Google го најави својот годишен настан „Made By Google“ за 6 октомври, за време на кој се очекува да бидат претставени сериите Pixel 7 и Pixel Watch.

Сепак, компанијата работи на некои други уреди, вклучувајќи таблет Pixel кој се очекува во 2023 година, телефон со флексибилен екран и мини телефон Pixel.

Според доверливиот дојавувач Digital Chat Station, Google подготвува водечки телефон со мал екран.

Изворот вели дека телефонот го носи кодното име „neila“. Уредот има центриран „punch-hole“ отвор на екранот и дизајн на задната страна сличен на фамилијата телефони Pixel 6 и Pixel 7.

Ова е се што се знае за телефонот засега, а не се знае колку е автентична протечената информација, па затоа треба да се земе со резерва.