Руската компанија Кавијар планира да ја создаде најскапата PlayStation 5 конзола во светот, а се посочува дека уредот ќе биде дизајниран со употреба на 20 килограми злато.

Покрај прилагодената PlayStation 5 конзола, системот ќе се состои и од два DualSense контролера за играње, кои ќе користат кожа од крокодил и златни додатоци за да се даде луксузен изглед и чувство на уредот.

Caviar PlayStation 5 ќе биде креиран со употреба на осум 18-каратни златни плочи, кои ќе бидат формирани со употреба на златарни техники од Русија, за да му дадат на PS5 единствена геометрија и ексклузивна естетика.

Ако се земе во предвид моментната цена на златото, како и вештините и трудот за да се креира таков производ, уникатната конзола може да чини над милион долари.