Компанијата Meta, која е сопственик на социјалната мрежа Facebook, воведе нова функција која им овозможува на корисниците да испраќаат „тивки“ пораки или GIF-ови додека се допишуваат со пријателите.

Поточно, две кратенки се достапни од денес, а наречени се @everyone и / silent. Кратенката @everyone му овозможува на корисникот да ги извести сите луѓе во разговорот, а може да биде корисна доколку корисникот сака да им го привлече вниманието на сите. Меѓутоа, ако корисникот сака да испрати порака без да ја извести целата група, тогаш ќе може да ја користи кратенката /silent.

Meta најавува дека во следните недели ќе пристигнат нови кратенки, вклучително i /pay, која ќе овозможи испраќање или барање пари од чет прозорецот на апликацијата Messenger. Оваа опција наскоро ќе биде достапна за уредите со iOS и Android во САД. Со внесување на кратенката /gif и темата за нешто што сакате да го прикажете, ќе бидат понудени потенцијални опции за разговор. Оваа опција наскоро ќе биде достапна на iOS уредите. Исто така, опциите /shrug и /tableflip наскоро ќе бидат достапни за iOS без потреба од внесување класични емотикони.