Пред неколку недели Google го најави Android 10, но компанијата тогаш не го објави точниот датум на објава на ажурирањето на најновата верзија на платформата. Во меѓувреме, канадскиот провајдер Rogers случајно објави дека Android 10 ќе биде официјално достапен од 3. септември, што и се обистини.

Google објаво дека официјалната производна верзија на Android 10 сега е достапна за сите Pixel уреди (ова ги вклучува и оригиналните модели). OTA ажурирањето би требало веќе да е достапно за постоечките Pixel модели.

Android 10 пристигнува со голем број функции, а Google ги истакна на својата освежена Android.com страница. Надградбата стигнува со изворна темна тема, која ќе се прикажува во апликациите како што се Calendar, Photos и други.

Новата Live Caption функција, која автоматски креира натписи за видеo, вклучува и поддршка за видео клипови кои корисникот сам ги креирал. Покрај ова, постоечката Smart Replay функција е додадена во Messages, со што е подобро интегрирана во системот.

Приусутни се и нови гестикулации за навигација низ корисничкиот интерфејс. Sound Amplifier е функција која го подобрува звукот, го филтрира позадинскиот звук и друго. Тука се и разните подобрувања на сигурноста и приватноста, а ова го вклучува и тоа дека сигурносните надградби пристигнуваат побрзо преку Google Play.