Пристигнувањето на флексибилниот смартфон Vivo X Fold на пазарот е официјално потврдено, а сега е познат и датумот на претставување.
Vivo на 11. април ќе го претстави својот X Fold смартфон, кој поседува механизам за преклопување и внатрешен екран, баш како што е случај со моделите Oppo Find N и Samsung Galaxy Z Fold 3.
Новиот уред на Vivo ќе има и секундарен екран од надворешната страна. Преклопувањето навнатре не е изненадување, бидејќи сите конкуренти одат по истиот пат, иако видовме и некои поинакви пристапи на пазарот, како што е случајот со Mate X на Huawei.
Vivo has revealed the design of the Vivo X Fold
– 6.53" curved FHD+ Oled front Display
– 8" 2K LTPO Oled inner display with UTG
– Snapdragon 8 Gen 1
– 50/48/12mp 2x/8mp 5x cameras
– Ultrasonic Fingerprint Scanner
– 4600mah battery with 80w charging
– 6.28mm thick when open pic.twitter.com/EqmU7vZaxj— Anthony (@TheGalox_) March 29, 2022
Vivo го објави и првото официјално видео кое е дел од тизер кампањата, а во кој уредот е прикажан од сите агли. Исто така, се гледа и Zeiss модул со четири камери, заден панел обложен со веганска кожа, како и внатрешен екран, кој се чини има минимален набор.