Се зборуваше дека Oppo Reno6 серијата ќе биде официјално претставена на настан на 22. мај, но денеска компанијата оббјави дека тоа ќе се случи на 27. мај. Линијата паметни телефони ќе биде претставена на забава на плажа на брегот на северна Кина како „нов летен сопатник“.

Очекуваме дека на лансирањето ќе видиме најмалку три паметни телефони – Oppo Reno6, Reno6 Pro и Reno6 Pro+ со подобри камери.

Се појавија и гласини дека ќе се појават и верзиите Z и З, но тие се појавија дури неодамна, па можеби нема да бидат дел од почетната најава.