HMD Global неодамна го најави претстојниот Nokia G50 телефон, по што главните спецификации на уредите се појавија на Geekbench и TENAA листингот.

Според наводите од Geekbench, Nokia G50 5G ќе користи Qualcomm Snapdragon 480 5G чипсет во комбинација со 4GB RAM. На тестот оствари 509 поени во single-core и 1560 поени во multi-core тестот.

TENAA листингот, од друга страна, сугерира дека смартфонот има 6,82-инчен HD+ IPS дисплеј,  како и димензии од 173,83 x 77,68 x 8,85 мм и тењжина од 220 грама. На задната страна ќе се најдат четити камери, со 48MP главен сензор, додека од предната страна ќе има 8MP селфи камера.

Nokia G50 5G ќе го напојува 4850mAH батерија, а за софтверска поддршка ќе биде задолжен Android 11 од самиот старт. Објавата на телефонот се очекува во текот на септмеври.