Instagram на задоволство, но и на изненадување на своите корисници, реши на сите да им овозможи пристап и хронолошко сортирање на постовите на корисниците. Најновата верзија на оваа апликација сега има две дополнителни опции за Feed – Following и Favorites.

Following е традиционален начин за следење на објавите на корисниците што се фокусира на прикажување на најновите објави на прво место. Од друга страна, опцијата Favorites им овозможува на корисниците да ги следат објавите на оние корисници кои се дел од посебна група создадена од самите корисници. Опцијата Favorites е исто така подредена хронолошки, а прво се прикажуваат најновите објави.

Во моментов, до 50 различни профили може да се додадат во категоријата Favorites, што значи дека кога ќе ја изберете оваа опција за feed, ќе ги следите само нивните објави. Дополнително, објавите на овие корисници ќе бидат позиционирани пред другите објави доколку одлучите да го користите стандардниот извор, пренесува WCCFTech.

Единствената лоша страна на сето ова е што засега не е можно да се постави ниту една од овие две опции како „стандардна“, што значи дека доколку сакате хронолошки да го следите вашиот Instagram, ќе морате секој пат кога ќе ја покренете апликација, да кликнете на стрелката покртај логото на апликацијата и да изберете еден од двата начина за сортирање на фидот. Секако, многу убава вест за сите љубители на оваа апликација.