Arc преку видеа и фотографии ја претстави претпродукциската верзија на својот електричен чамец Arc One.

Станува збор за електричен чамец со елегантен изглед со должина од 7,3 метри, а развиен е благодарение на собраните средства во износ од 30 милиони долари. Меѓу оние кои ја поддржаа кампањата се актерот Вил Смит, кошаркарот Кевин Дурент и раперот Шон Диди Комбс.

Спецификациите на чамецот Arc One малку се променија неодамна, неговата максимална брзина е сè уште 65 км/ч, додека може да се користи околу четири часа пред да се потроши батеријата. Но, наместо батерија од 200 kWh, сега има батерија од 220 kWh која го напојува електричниот мотор, кој испорачува повеќе од 500 КС. Поголемата батерија исто така го прави чамецот постабилен.

Arc One чини 300.000 долари и Arc планира да ги искористи собраните средства за развој на поевтин модел, како и други пловни објекти вклучувајќи спортски.

Извор: Klix.ba