Најновото истражување на аналитичката компанија Counterpoint покажува дека Apple моментно е водечки произведувач на премиум смартфони во светот.

Според истражувањето, Apple дури ги престигна и кинеските брендови, а компанијата е најмоќниот бренд на телефони во светот, вклучувајќи го и растечкиот пазар во Индија.

Зад Apple, второто место на повеќето пазари го држи Samsung, вклучувајќи ги САД, Европа и Јужна Америка. OnePlus е втор производител на премиум телефони во Индија, а компанијата е чертврта во Северна Америка и петта во Европа.

За премиум телефони се сметаат моделите со цена над 400 долари. Apple моментно држи 60 отсто од пазарите за 2021 година, со раст од пет проценти во однос на претходната година.

Покрај Apple, и другите произведители го задржаа своето пазарно учество, со исклучок на Huawei кој забележа голем пад.

Комплетниот пазар на премиум телефони оствари зголемување на учеството, со годишен раст од 24 проценти. Од 100 телефони продадени во текот на 2021 година, 27 од нив биле премиум уреди со цена над 400 долари.