Повеќе од милијарда корисници на Viber добија можност да создадат свои GIF-ови, вклучително опции како бумеранг и премотување на снимка.

Една од најпопуларните апликации за пораки воведе GIF креатор. Новата опција е во прилог на неодамна воведените групни видео повици, групни разговори за најмногу 250 лица и групни повици за 20 лица.

GIF креаторот е лансиран за iOS, додека тој ќе пристигне на уреди со Android во наредните недели.

Корисниците можат да создадат GIF со кликнување на камерата во кој било разговор, потоа избирање на опцијата GIF и снимање на кратко видео, или избирање на постоечки клип од галеријата и претворање на него во GIF во форма на бумеранг, забрзана снимка или да го пуштат наназад.