Цените на стоките и услугите се во пораст, а тоа очигледно го следи и компанијата SpaceX која ја зголеми цената на својот сателитски Starlink интернет.
Покрај цените на храната и горивото, инфлацијата влијаеше и на цената на Starlink интернетот, барем тоа го наведуваат како причина од SpaceX.
Цената на сателитскиот Stralink интернет за клиенти со депозит е зголемена од 499 долари на 549 , додека за нови корисници изнесув 599 долари. Новата цена е веќе во сила. Покрај тоа, зголемена е и месечната претплата, па сега е потребно наместо 99 долари да се издвојат 110 долари. Корисниците ќе ја плаќаат таа цена од 22 април.
Во текот на првата година, корисниците можат да ја откажат услугата и да добијат поврат од 200 долари, односно целосната сума доколку ја добиле опремата во изминатите 30 дена.
Поврзани артикли