Воените роботи кои го имитираат однесувањето на змиите, птиците и инсектите потсетуваат на сцените од серијата “Black Mirror“, а експертите тврдат дека баш тие се иднината на воената роботика.

Роботите кои го имитираат однесувањето на животните наскоро би можеле да им се придружат на јужнокорејските воени сили, бидејќи официјалните лица најавија дека “биометричката” опрема би требало да стигне до војниците до 2024. година. Се предвидува дека биометричките роботи ќе го променат начинот на кој досега се војувало, а идејата за барање на инспирација за дизајнот на роботи во природата не е ништо ново.

На тој начин, експертите наместо да тргнат од нула со дизајнот, се насочуваат кон резултатите на еволуцијата, која живите суштества веќе со милиони години ги прилагодува на опкружувањето. Роботите кои во Јужна Кореја ќе се појават до 2024. година се инспирирани од човечкото тело, но и од градбата на инсектите, додека за подоцна се најавуваат и механички војници, чија градба се угледува на градбата на змиите, птиците и многуте морски суштества.

Јужнокорејската војска во иднина ќе користи летачки и ползачки роботи за извршување на различните мисии, па змиоликите роботи, на пример, би можеле незапазено да се вовлекуваат во просторите во кои е забранет пристапот. Користењето на автономни роботи во воени цели се уште е контроверзна тема, бидејќи технологијата би можела лесно да се злоупотреби, така што малку се зборува за роботи кои ќе функционираат во пакет со разните видови вооружување, и поради тоа не се знае ни каков однос ќе имаат јужнокорејските биометрички роботи со оружјето.