Дали вештачката интелигенција навистина ќе ги замени луѓето на нивните работни места? Дали со тоа ќе создаде неизбежна криза и невработеност?

Гледајќи од преспектива на конкуренција, вештачката интелигенција и машините се многу различни од луѓето. Луѓето се добри во планирање, носење одлуки во комплицирани ситуации, но машините можат подобро и побрзо да обработат податоци. Но, една од најважните работи кои треба да се напомене е дека вештачката интелигенција е алатка и не може да носи човечки одлуки.

Што е вештачка интелигенција?

Вештачка интелигенција е способност на дигитална машина или компјутер, да извршува процеси на човековиот ум.

Дел од вештините на која се учи вештачката интелигенција се:

  • Планирање
  • Разбирање
  • Донесување одлуки
  • Решавање проблеми
  • Препознавање предмети

Примери за вештачка интелигенција во секојдневниот живот

Иако вештачката интелигенција се уште звучи како дел од научно-фантастичен филм, таа веќе долг период се користи во нашиот секојдневен живот, на места како:

  • Веб пребарувач. (Google)
  • Системи со препораки. (Netflix)
  • Разбирање на човечкиот говор. (Alexa и Siri)
  • Самоуправувачки автомобили. (Tesla)

Кратка историја за вештачката интелигенција

Со напредокот на технологијата, луѓето започнале да создаваат машини кои ќе ги вршат тешките физички работи наместо нив. Подоцна овие машини еволуирале и покрај физичките должности започнале да решаваат тешки когнитивни задачи.

Со текот на времето, во 50-тите години, вештачката интелигенција станала дел од академската дисциплина. Најмногу се работело на симулирање човечко размислување, логика и имитирање на однесување.

Во последната деценија, напредокот на вештачката интелигенција доминира во сите индустрии. Повеќе не постои индустрија која не вложува во вештачка интелигенција.

Како вештачката интелигенција им користи на луѓето?

Способностите на вештачката интелигенција можат да бидат многу корисни за луѓето и да им помогнат на нивните работни места на многу начини:

  •  Вештачката интелигенција има способност да имитира, таа може да идентификува различни начини за оптимизирање и предвидување на релевантни трендови.
  • Вештачката интелигенција може да работи без престан, односно да обработува корисни информации постојано.
  • Математичките пресметки на вештачката интелигенција се без грешка, бидејќи таа работи прецизно.
  • Вештачката интелигенција врши рутински задачки на пониско ниво, кои се повторуваат.

Несомнено, вештачката интелигенција ги врши работните задачи побрзо и попрецизно од луѓето. На тој начин, луѓето имаат можност да ги извршат останатите креативни елементи од работата, бидејќи процесот на работење на вештачката интелигенција е автоматизиран.

Но, што е она во што вештачката интелигенција не може да го замени човекот?

  • Имагинација
  • Интуиција
  • Исчекување
  • Чувство
  • Способност да прават процена
  • Приспсобување на промени
  • Фокусирање на помали и големи цели

5 причини зошто вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето

1. Вештачката интелигенција нема интелект

Луѓето сакаат да одржуваат врски засновани на меѓусебна доверба, кое не би било возможно без постојана интеракција помеѓу нас.

Системот на вештачката интелигенција е брз, рационален и точен, но тој не е интуитивен, емпатичен или чувствителен. Без овие способности, не би можеле да бидеме ефективни комуникатори.

2. Вештачката интелигенција не може да врши креативни задачи

Вистинскиот потенцијал на вештачката интелигенција е да ги врши работите кои се склони на човечки грешки, односно да ги автоматизира. На тој начин, вработените лица ќе имаат можност да работат работа која е покреативна и поприоритетна.

3. Градење на врски со колеги и партнери

Градењето односи е важно, бидејќи постојано соработуваме и работиме со различни луѓе. Посветеноста на работното место покажува дека се грижиме за нашата работа и компанија.

Луѓето сакаат да соработуваат со луѓе кои им се допаѓаат и имаат слични цели како нив. Оваа емоционална страна на нашето однесување не е возможна за машините.

4. Луѓето покажуваат емпатија

Многу работни места бараат воспоставување доверба со цел да им дозволат на луѓето да се релаксираат и да се чувствуваат слободно. Машините базирани на вештачка интелигенција се способни да имитираат човечки говор, но немаат емпатија и човечки емоции.

5. Вештачката интелигенција не размислува креативно и надвор од својот код

Вештачката интелигенција не може да создава креативни начини за решавање на проблемите, бидејќи нивниот код не го дозволува тоа.

Таа не е способна да анализира контекст, да размислува критички преку комплицирани сценарија, да развива сложени стратегии, односно може да обработува само податоци што се внесени во нејзиниот систем.

Повеќето компјутери со вештачка интелигенција се дизајнирани да бидат многу добри во решавањето на одредени проблеми.

Човечката креативност и свесност, од друга страна, се клучни за да функционира вештачката интелигенција, односно луѓето ќе продолжат да даваат вредност за која машините не се способни.

За да дознаете повеќе за 5-те причини зошто вештачката интелигенција не може да ги замени луѓето- https://synder.com/blog/5-reasons-why-ai-wont-replace-humans/

 

Извор: Некст Медиа

„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ