Оние кои сакаат повеќе нови The Witcher содржини ќе бидат задоволни со најновата објаваод гејминг студиото CD Projekt RED.

Поминаа неколку години откако CD Project RED ја заврши својата оригинална трилогија за серијалот игри The Witcher. Компанијата во меѓувреме се префрли на други проекти, како Cyberpunk 2077.

Сепак, сега доаѓаат добри вести за фановите на The Witcher. Објавен е тизер кој најавува нова игра како дел од сагата The Witcher.

The Witcher 3: Wild Hunt беше последниот AAA RPG наслов во франшизата, а играта освои 250 Game of the Year награди.

Интересно е што глобалниот ПР директор на CD Projekt RED ја појасни оваа објава. Тој истакна дека новата игра наречена The Witcher 4 не е објавена; играта нема да биде ексклузивна само за една продавница.