Internet Explorer ги живее своите последни моменти.
Неколку месеци пред последниот ден за Internet Explorer, Microsoft ги потсетува сите корисници кои уште го користат, да преминат на веб-прелистувачот Edge.
Минатата година, Microsoft соопшти дека на 15 јуни 2022 година престанува со поддршка на Интернет експлорер и дека тука е неговиот крај.
Планираа од него да се простат минатото лето, но се одлучија да го продолжат рокот уште една година.
Како се приближува крајот, така Microsoft константно ги потсетува своите корисници да преминат на Edge. Microsoft објави соопштение на својата страница, а според податоците соо кои располага, Internet Explorer и понатаму го користат околу три милиони корисници.
Internet Explorer е дел од системот Windows, повеќе од четврт век. Но, од претставувањето на Edge во 2015 година, Microsoft полека го укинува стариот прегледник. Поддршката заврши со претходната верзија во 2016 година. Microsoft 365 и другите апликации ќе престанат да го поддржуваат ИЕ11 на 15 јуни.
Од Microsoft велат дека ќе го поддржуваат ИЕ на Edge најмалку до крајот на 2029 година, пружајќи на организациите и ИТ одделенијата уште неколку години да преминат од старите веб апликации.