Европската вселенска агенција ESA ја прекина соработката со руската вселенска агенција Роскоскомс во мисијата ExoMars 2022.
Лансирањето на мисијата ExoMars 2022, односно роверот наменет за истражвуање на Црвената планета, требаше да биде извршено во септември, но ESA денеска соопшти дека соработката со Роскосмос е прекината. Како причина е наведена руската инвазија на Украина.
„Како меѓувладина организација која за задача има да развива и имплементира вселенска програма со почитување на европските вредности, длабоко жалиме поради човечките жртви и трагичните последици од агресијата на Украина. Иако е свесна за влијанието на научното истражување на вселената ESA во целсот е ускладена со санкциите воведени на Русија“, стои во соопштението на ESA.
Советот на ESA на состанок во Париз ја процени ситуацијата во Украина која се однесува на мисијата ExoMars и донесе едногласна одлука. Заклучено е дека соработката со Роскосмос во мисијата за роверот ExoMars за 2022 година не може да продолжи и генералнито директор на ESA е овластен да преземе чекори за запирање на соработката.
Исто така, овластен е да спроведе брза процена за што подобро да се дефинираат достапните опции за понатамошно имплементирање на мисиите на рвоерот ExoMars.
По одлуката на Роскосмос да го повлече својот персонал од Европското вселенско пристаниште во Француска Гвајана, сите мисии планирани за лансирање со ракетата Сојуз се ставени на чекање.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли