Концентрациите на гас во градот, кој главно доаѓа од дизел возилата, биле речиси два и пол пати повисоки од законската граница

Главниот град на Белгија штотуку ја засили борбата против загадувањето на воздухот предизвикано од автомобилскиот сообраќај.

Сè започна пред неколку години кога студијата ClientEarth открила шокантно високи нивоа на штетни гасови на улиците на Брисел и алармантни недостатоци на официјалниот градски надзор. Концентрацијата на гас, кој во Брисел главно доаѓа од дизел возилата, бил речиси два и пол пати поголема од законската граница и речиси двојно поголема од официјалните податоци објавени од властите.

Најновата понуда од надлежните до граѓаните е: одјавете го вашето возило и добијте неповратни 900 евра!

Според порталот TheDrive, ова е реконструкција на постоечката програма наречена Bruxell’Air, која веќе понудила стимулации во обид луѓето да се поттикнат во град да не се возат со автомобил.

Самото одјавување значи дека автомобилот повеќе не смее да учествува во сообраќајот, туку на сопственикот му е дозволено да го продаде. Но, во целата приказна има и замка, а тоа е дека обештетувањето од 900 евра, сопственикот на автомобилот може да го искористи како пропусница за јавен превоз или купување на алтернативно превозно средство како велосипед, скутер…