Столбот на животот или столбот Качи е природен варовнички монолит кој се наоѓа во истоименото село на западниот дел од Грузија, кое е распространето низ долината Качура.

Столбот е висок 40-ина метри, а на врвот се наоѓаат остатоците од црквата посветена на свети Максим, која потекнува од 9 или 10 век. Покрај неа, на врвот на карпата се наоѓаат и винарска визба и остатоци од некогашна тврдина.

Целиот простор на врвот зафаќа само 150 квадратни метри, а со оглед на тоа дека нема лифт, посетителите може да се искачат само со помош на раце, нозе и малку среќа.

Токму поради ваквата недостапност на теренот, не е изненадување што објектите на врвот долго време биле занемарени.

Првото регистрирано искачување се случило 1944 година кога планинарите Александар Јапардзе и Леван Готау на врвот го пронашле телото на претходниот жител на карпата.

Се претпоставува дека местото било наменето за тивка контемплација и молитва, наменета за аскетите што сакале да се одвојат од остатокот од светот.

Поинтензивни истражувања биле спроведени меѓу 1999 и 2009 година кога објектите биле повторно изградени со помош на Националната агенција за заштита на културното наследство на Грузија.

Во моментот еднинствениот жител на карпата има 62 години. Тоа е свештеникот Максим Кавтарадзе, кој направил импровизирани скали со помош на кои двапати недело се симнува и качува на столбот на животот. Со храна се снабдува со помош на ќерка си.