Компанијата Adidas ја продолжи својата соработка со еколошката иницијатива Parley for the Oceans, со цел да креираат нова опрема за тимот Манчестер Јунајтед од океанска пластика.

Брендот за спортска опрема работел со оваа еколошка организација со цел да создаде дресови од океанска пластика и да го истакне проблемот со загадувањето на океаните ширум Земјината топка.

 Дизајнот на третите дресови на овој тим може да биде користен како алтернатива на дресовите во кои тие играат на домашните или гостинските терени, а воедно претставуваат референца на 50-годишнината на овој тим во европските куп финалиња уште од првата победа над Бенфика во 1968 година.

Морско сините дресови ја преземаат бојата од кралскосината опрема носена од страна на англиските екипи во историските натпревари. На внатрешната линија на околувратникот на дресовите се испечатени зборовите “For The Oceans” како поддршка за здружението.

Adidas ја поддржува организацијата, како со својата едукација и комуникативни програми, така и со проекти креирани од океанска пластика кои се посветени на намалувањето на загадувањето на нашите океани. Овој спортски бренд се обврзал на користење пластика во своите производи до 2024 година.

Компанијата Adidas претходно соработувала со Parley со цел да ги редизајнира своите класични патики од деведесеттите, моделот EQT Support ADV, кој е креиран отпочеток со материјали добиени од пластичните отпади од плажите на Малдиви.

 Сега веќе долгогодишната соработка донела различни проекти во кои двата бренда ги претставиле своите нови колекции на костими за капење, креирани од рециклажа на рибарски мрежи и отпади од крајбрежните подрачја кои исто така можат да бидат опасни за природниот еко систем и животната популација на океанот.