Контактот со вселенското летало Касини се изгуби откако го изврши „нурнувањето во смртта“ во горната атмосфера на Сатурн и го пренесе својот последен сигнал, според НАСА.

Вселенското летало намерно потона во горната атмосфера на Сатурн со голема брзина и се втурна во планетата само по 6:30 часот изутрината. Со оглед на времето потребно сигналите да стигнат до Земјата, конечниот сигнал и последните податоци стигнаа до мрежата на Дип спејс станицата во Канбера, Австралија околу еден час и половина подоцна. НАСА го потврди уништувањето на вселенското летало во 7:55 часот, како што беше предвидено.

Контролорите и наредија на  капсулата да се уништи со спуштање во атмосферата на планетата.

Таа преживеа околу една минута пред да се распадне.

Касини остана без гориво, а НАСА утврди дека на сондите не треба да им се дозволи едноставно да талкаат неконтролирано меѓу Сатурн и неговите месечини.

Извор: МКД.мк