Со оглед на тоа што бројот на корисници на оваа мрежа изнесува повеќе од две милијарди, а за многумина е главно средство за комуникација, необично е што WhatsApp се уште ја нема оваа опција.

WhatsApp постојано ја надградува својата платформа за комуникација со нови функции и можности, а една од таквите опции што ја подготвува се однесува и на анкетите.

Корисниците на конкурентските платформи како Viber и Telegram имаа можност за анкети, односно гласање помеѓу неколку можни одговори на поставените прашања. Според информациите на WABetaInfo, опцијата WhatsApp анкета се уште е во рана фаза на развој и се уште не е познато како ќе изгледа, но познато е дека ќе помине уште некое време додека да стане достапна за сите корисници.

Функцијата ќе може да се користи во групни разговори во кои ќе биде многу корисна, па луѓето кои учествуваат во нив едноставно ќе можат да одлучат за. местото каде што сакаат да излезат, филмот што ќе го гледаат во кино итн.

Иако не се работи за револуционерна опција која би воодушевила милиони корисници, како на пример лесното префрлување на профили и комуникација од iPhone на Android и обратно, секако треба да се пофали секој новитет кој ќе го подобри искуството при користење на апликацијата.

Од WhatsApp се уште нема официјални информации за анкетите и можноста за гласање во рамките на групните разговори, а најпрвин можеме да ја очекуваме во тест верзиите на апликацијата, со што ќе знаеме дека се приближува нејзиното официјално лансирање.