OnePlus минатиот месец ја претстави OnePlus 8 серијата паметни телефони. OnePlus 8 Pro е првиот смартфон на компанијата со поддршка за безжично полнење. Сега новите протечени информации сугерираат дека OnePlus работи на 65W полнач.

Дојавувач од Кина креираше скришот кој покажува дека е сертификуван 65W полнач на компанијата OnePlus. Полначот поддржува максимален излез од 10VDC / 6.5A Max. Со оглед на тоа дека OnePlus и Oppo припаѓаат на истата BBK Electronics компанија од Кина, можно е дека 65W полначот е ист кој и Oppo го нуди со некои своите премиум телефони.