Се поблиску и поблиску сме до Google I/O конференцијата за програмери, но се чини дека најважните детали успеаја да протечат.

Видеото кое го сподели Google+ корисникот Gabriel Bryne наводно покажува како Android P ќе изглегува на крај со контролите со помош на движењата на раката.

Поточно, видеото го прикажува движењето наречено  “Swipe up on Home Button”.

Кога оваа функција е активирана, таа на корисникот му дозволува да се префрла од апликациите кои само што ги користел со помош на движење на раката преку Home копчето во облик на пилула.

На крајот на видето, се гледа дека апликациите можат да бидат повикани со движење на раката надесно.

Судејќи според информациите во видеото, со едно преминување преку Home копчето, Android ќе ги прикаже неодамна користените апликации, додека со две преоѓања ќе ги покаже “сите апликации” – иако не е познато дали навистина се мисли на сите апликации од “фиоката” или само на оние вчитани во меморијата.