Porsche е првиот бренд кој целосно ќе го запре производството на сите модели.
Поради ескалацијата на конфликтот во Украина, германската автомобилска индустрија е под дополнителни искушенија. По кризата предизвикана од недостигот на полупроводниците, новонастанатата ситуација во Украина целосно го наруши снабдувањето со делови.
Особено е погодена групацијата Фолксваген, која веќе започна со суспензии во производството на одредени делови, вклучително и модели на автомобили, поради недостиг на делови. Порше не е поштеден, па овој месец постепено ќе го прекине производството на своите модели, што наскоро би можело да значи целосен прекин на производството.
Веројатно станува збор за привремен прекин на производството, но тоа секако ќе ги продлабочи проблемите со понудата на автомобили на пазарот. Од друга страна, натамошната ескалација на конфликтот може да значи подолг прекин на производството, бидејќи засега не е познато како би можеле да се надминат проблемите со снабдувањето од подрачјата зафатени со војна.
Read an article on factory closures due to the continued supply chain pressure in the automotive space. Shortly after, a friend in the loop sent me this… what this could mean for Porsche production… imagine VW Group, BMW, Mercedes’… ? used cars about to get even more pricey! pic.twitter.com/O263JS3O7h
— Caleb J Schroëter (@calebjschroeter) March 3, 2022
Според твитот објавен од Калеб Ј. Шроетер, планот за март е следен. Први на удар се Macan и Panamera, чие производство престана на 2 март. Еден ден подоцна, производството на Taycan беше прекинато, а од 7 март не се произведува ниту Cayenne. Најевтиниот Porsche, 718, ќе престане да се произведува на 14 март. Три дена подоцна, производството на 911 GT3 ќе биде укинато, додека останатите 911 ќе бидат во производство до крајот на март.
Овој план го потврдија и од Porsche. Нивниот портпарол потврди за магазинот Motor1 дека производството во фабриката во Лајпциг престанало на 2 март и дека машините во Цуфенхаузен се уште работат. „Во наредните денови и недели работиме на краткорочна основа и постојано ја проценуваме ситуацијата“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, оваа вест доаѓа само неколку дена откако Porsche објави дека ја прекинува испораката на автомобили во Русија, каде има 26 продажни центри и има годишна продажба од 6.262 автомобили, според податоците за 2021 година.