Ретко кому би му паднало на ум дека обичната, старомодна светилка би можела да биде дел од хакерси напади, но ова светлечко тело сепак го пронајде своето место во сајбер криминалот.

Кога ќе се споменат хакерски напади, потенцијалните жртви обично најпрвин помислуваат на слабите лозинки и на безбедносните пропусти во рамките на оперативните системи. Има сомнеж и во слабостите на паметните куќни уреди, додека постарите варијанти се оставаат настрана, поради што се верува дека уредите кои немаат интернет конекција не претставуваат опасност. Па така, никому не би му паднало на ум дека обичната светилка би можела да послужи за прислушкување, но хакерите сепак пронашле начин токму преку неа, да ги прислушлкуваат разговорите на оддалеченост од 25 метри.

Безбедносните експерти се занимаваат со овој проблем и со начините на прислушкување на приватните разговори, кои не ги вклучуваат модерните уреди со малвер додатоци. За почеток, како што тоа обично е случај, неопходно е светилката да се најде во истата просторија со оние кои се прислушкуваат. Потоа е потребно да се обезбеди „чиста линија“ до светилката, а со цел кон неа да се насочи специјален телескоп со обичен сензор. Квалитетот на прислушкувањето зависи и од тоа колку жртвите се блиску до светилката, а процеост може да го спречи и најобична завеса, бидејќи слушањето не е можно доколку постои пречка до светилката.

Системот функционира така што телескопот со посебен сензор ќе се впери во светилката, а прилагодениот конвертер го префрла аналогниот разговор во дигитален формат. Напаѓачите развиле посебен алгоритам по името Lamphone, кој го чита разговорот од вибрациите на светилката, а хардверот кој е потребен за оваа акција чини околу илјада долари.