Во изминатите недели бевме сведоци на голем број забрани за работа на сервисите во Русија, а меѓу нив е и Twitter. Популарниот сајт има решение кое може да ги надмине овие забрани.

Компанијата ја претстави услугата Tor onion, која треба да обезбеди пристап до Twitter, дури и кога услугата е блокирана во одредена земја. Покрај тоа, функцијата на анонимност во Tor ќе биде корисна во борбата против надзорот.

Платформата се заснова на верзијата Enterprise Onion Toolkit (EOTK), која е приспособена да ги исполни исклучителните барања на Twitter, според Алек Мафета, кој придонесе за проектот.

Освен што овозможува прикажување на релевантни информации, Tor може да им помогне на корисниците во други земји каде што е блокиран Twitter. Меѓу нив се Кина, Иран и Северна Кореја.