Планетата Меркур денеска ќе помине меѓу Земјата и Сонцето. Станува збор за астрономски феномен наречен „транзитен Меркур“.

Следен пат кога ќе може да се набљудува овој феномен ќе биде во 2032 година.

За време на транзитниот Меркур ќе може да се видат мали црни точки преку сончевиот диск од левиот раб кон десниот.

Најдобар и најдетален поглед на феноменот, без никакви попречувања, ќе има вселенското летало во орбитата меѓу Земјата и Меркур.

Транзитот од Земјата ќе може да се набљудува само со посебни телескопи со филтри за сонце и строго се препорачува да не се користат обични телескопи или двогледи без соодветни фолии или филтри. Исто така се препорачува да не се гледа долго со голо око бидејќи може да дојде до оштетување, па и губење на видот.

Транзитот почнува во 13 часот и 35 минути, а макисмалната фаза ќе биде во 16 часот и 19 минути, додека крајот на транзитот е во 19 часот и 4 минути, што нема да може да се набљудува од кај нас, со оглед на тоа дека сонцето е веќе зајдено.

Извор: Klix.ba