Ова, на потежок начин, го научила една возачка од Кина

Откако започнал процесот на надградба на софтверот, сите функции во возилото престанале да работат повеќе од еден час, а автомобилот останал на патот и предизвикал огромна гужва.

Веројатно на сите ви е познато дека при надградба на оперативниот систем во вашиот паметен телефон, потребно е на крајот истиот да се рестартира, а тоа значи дека  уредот извесно време ќе биде неупотреблив. Истото важи и за денешните автомобили кои се повеќе се компјутери – ако го надградите софтверот, треба да очекувате дека одредени функции на возилото дека нема да бидат активни извесно време.

Една возачка од Кина оваа лекција ја научила на потешкиот начин – кога влегла во сообраќајниот метеж во Пекинг, добила порака дека надградбата за патниот компјутер на електричниот автомобил NIO кој го тестирала е спремна за download. Бидејќи и онака стоела во место поради гужвата, одлучи да започне со надградба на софтверот. Притоа, не го послушала предупредувањето дека е неопходно да се запре возилото некаде на страна, бидејќи во текот на надградбата ќе бидат исклучени сите важни функции на автомобилот.

Резултатот од вакавата одлука е тој што останала „заробена“ во автомобилот повеќе од еден час, што пак создало уште поголем сообраќаен хаос – на неа и совозачот во неколку наврати на прозорецот им тропала полицијата, но тие не можеле ниту да ги отворат прозорците бидејќи ништо во возилото не работело.

На крајот, од NIO преку социјалните мрежи следело извинување и најава за оптимизација на процесите за надградба на софтверот за слични ситуации да не се повторат. Воедно од компанијата уште еднаш ги потсетиле сите сопственици на своите автомобили дека надградбата треба да се врши само во паркирано возило или да се застане некаде на страна.

Извор: Додај Гас