Компанијата Counterpoint Research ја објави својата листа на десет најпродавани смартфиони за 2021 година, а Apple доминира на листата со седум од вкупно десет уреди.
iPhone 12 на Apple беше најпродаваниот уред во 2021 година, пред iPhone 12 Pro Max и iPhone 13, кој беше најпродаван уред во четвртиот квартал од 2021 година. iPhone 12 Pro е на четвртото место, а потоа следи iPhone 11 од 2019. година.
Samsung и Xiaomi се единствените преостанати брендови на Топ 10 листата, односно Galaxy A12 е рангиран на шестото место, а по него е Xiaomi Redmi 9A, додека Redmi 9 се најде на десеттото место.
iPhone SE 2020 на Apple беше осми најпродаван уред во 2021 година, додека iPhone 13 Pro Max се најде на деветтото место. Топ 10 најпродавани телефони сочинуваат 19 проценти од вкупната глобална продажба и забележаа три отсто зголемување во однос на вредностите во 2020 година.
Here is our list of global top 10 best-selling #smartphones in 2021: https://t.co/aKWL3d5Xzr
The #iPhone12 was the best-selling model with Apple securing seven spots in the list. @Apple, @Samsung and @Xiaomi were the only brands that made it to this list. #technews #technology pic.twitter.com/WrBLdHrxeT
— Counterpoint (@CounterPointTR) March 8, 2022
Не се очекува ништо друго освен продолжување на овој тренд, бидејќи Apple бележи рекордни количини на продадени модели од серијата iPhone 13, а штотуку е претставен новиот iPhone SE. Новиот достапен модел го нуди стариот дизајн со модерен хардвер, а посебно се издвојува A15 Bionic чипот, првично претставен со iPhone 13 серијата.
Што се однесува до другите производители, поради бројот на модели што ги презентираат годишно, едноставно е речиси невозможно да се доближат до првите места. Единствената опција во која тоа би било можно е да се претстави ултраевтин уред со одлични спецификации, но проблемот тука е економската исплатливост.
Извор: B92.net