Додека сите со нетрпение ја очекуваат објавата на Poco F2 Pro премиум телефонот, изгледа дека во подготовка е уште еден Poco уред, кој го носи името Poco M2 Pro. Ова име накратко се појави на официјалната веб-страница на Xiaomi во Индија, а забележан е од сајтот XDA-Developers.

Телефонот има ознака на модел M2003J6CI и кодно име „грам“. Интересно е дека постои доказ дека Xiaomi работи на „gram“ телефон веќе извесно време, а постои фирмвер за овој уред во изворниот кернел код на Redmi Note 9 Pro моделот.

XDA-Developers дополнително откри дека Redmi Note 9 Pro и Poco M2 Pro се блиску поврзани и би можеле да имаат дел од истиот софтвер. Тоа значи дека Poco M2 Pro би можел да пристигне со Snapdragon 720G чипсет. Од друга страна, телефонот би можел да користи и втор SoC со компатибилен софтвер.