Компанијата го овозможи за преземање и најновиот Android 12 софтвер, кој сега е достапен за сите Pixel паметни телефони кои датираат уште од Pixel 3.

На вчерашниот настан на Google можеа да се слушнат уште некои новини, кои не се во врска со Pixel 6 телефоните. Покрај тоа, и чистите инсталации на најновиот Android оперативен систем сега се достапни за преземање.

Корисниците кои имаат компатибилен Pixel уред, можат да одат во „Подесувањето на системот“ и да проверат дали постои ажурирање на системот.

Android 12 е голема промена за овој оперативен систем. Донесува визулени и UX промени од „Material You“ дизајнот, како и прилагоден систем не теми кои ќе ги извлече нагласените бои од вашата позадина. Исто така, донесува подобрени подесувања на дозволите и поголеми копчиња.

Ако го ажурирате телефонот со Android 11, надградбата е околу 1,5 GB. Одете на Подесувања  > Систем > Напредно > Ажурирање на системот, за да го преземете.