Научници од американската вселенска агенција NASA отворија запечатен примерок земен од Месечината пред 50 години.

Станува збор за еден од последните примероци кои потекнуваат од мисијата Аполо. NASA се подготвува за иднината мисија на Месечината, во склоп на Артемис проектот. Примерокот се наоѓа во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, а за процесот на отворање е задолжен одделот ARES (Astromaterials Research and Exploration Science Division).

Процесот се врши во склоп на програмата ANGSA (Apollo’s Next Generation Sample Analysis Program)) и со помош на Европската вселенска агенција.

„Разбирањето на геолошката историја и еволуција од примероците земени од Месечината ќе ни помогнат да се подготвивме за типови примероци со кои би можеле да се сретнеме во текот на мисијата Артемис. Целта на мисијата е на Земјата да се донесат запечатени примероци од локација близу лунарниот јужен пол. Ова е возбудлива прилика за учење и разбирање на алатите потребни за собирање и транспорт на примероци, за нивна анализа и складирање на Земјата за идните генерации научници“, изјави Томас Зарбухен, администратор на NASA во Вашингтон.

NASA има сочувано неколку примероци од Месечината и не ги отвора, знаејќи дека науката и технологијата ќе напредува и ќе овозможи идните тимови да направат подобри анализи кога ќе ги отворат со посебна машина која припаѓа на Европската вселенска агенција.

Извор: Klix.ba