NASA склопи договор со руската агенција Roscosmos за да обезбеди едно место на Soyuz ракетата. Лансирањето е планирано за есен, а за седиштето ќе бидат издвоени дури 90 милиони долари.

Договорот доаѓа во време кога NASA планира и самостоен лет, и лансирање на американската ракета, прва по паузата која трае од 2011. година. Имено, астронаутите Bob Behnken и Doug Hurley би требало на 27. мај да се качат на Crew Dragon, за да се изврши тест лет до интернационалната вселенска станица. Летот долго се планирам будејќи агенцијата потпишала договори со компаниите Space X и Boeing уште во 2014. година. Во меѓувреме за транспорт на американските астронаути била задолжена руската агенција, а NASA се надева дека по лансирањето наесен и тоа ќе се промени.

Пред да биде потпишан договор, Русија планираше во Soyuz ракетата да смести три свои астронаути, за на Интернационалната станица да го дочека повеќенаменскиот модул Наука, кој би требало да се спои со станицата и да послужи како дополнителна лабораторија во вселената.