Xiaomi за 15. март планира глобален настан за лансирање под слоганот „Master every scene – Xiaomi 12 Series, the answer to all”. Меѓутоа, потенцијално поинетересен од стандардниот и Pro уред, на корисниците може да им биде новиот Ultra модел, кој би можел да биде одложен за втората половина на 2022. година, за да биде објавен со

Сепак, новиот Ultra е потенцијално поинтересен за корисниците од стандардниот и про-дванаесет, кој може да се одложи за втората половина на 2022 година за да биде објавен со Snapdragon 8 Gen 1+ чипсет наместо со веќе застарениот Snapdragon 1 чип.

Според Android Authority, дојавувачот @Shadow_leaks објави некои информации поврзани со овој флегшип на Xiaomi, како и неколку рендери кои укажуваат на очекуваниот дизајн на овие уреди. Според неговитѕе податоци, Xiaomi 12 Ultra ќе пристигне со најновиот процесорски чип на Sanpdragon, како и E5 AMOLED дисплеј кој користи LTPO 2.0 за променливо освежување и големина од 6,73 инчи и 2K резолуција.

Што се однесува до камерите, Xiaomi во последно време не навикна на одлични решенија кои се конкурентни, а во одредени ситуации супериорни во однос на она што го нудат Apple и Samsung. Според протечените информации, главната камера треба да има Sony IMX766 сензор со резолуција од 50 мегапиксели, кој ќе служи и како широкоаголна камера.

Дополнително, се очекува портрет објектив од 16 мегапиксели, како и телефото сензор IMX586 кој ќе има одлични 48 мегапиксели. Дополнително, се претпоставува дека батеријата ќе има капацитет од 5000 милиампер часови со можност за брзо полнење до 120 W.