Минатогодишните смартфони на Google, Pixel 3 i Pixel 3 XL и беа познати на јавноста пред официјалното претставување, благодарение на протекувањето на информации, а слична е ситуацијата и со претстојниот Pixel 4 XL.

На видеосервисот YouTube објавени се три видеа, кои практично откриваат се за Pixel 4 Xl, а дури и е прикажан и во три различни бои, бела, црна и корална.

Потврдени се и гласините за Smooth Display екранот со фрквенција на освежување од 90 Hz, со тоа што е можно и префрлање на 60 Hz, зависно од содржината која ја прикажува. Модот кој подразбира фреквенција на освежување од 90 Hz е “поизмазнет”, но може да влијае и на траењето на батеријата.

Pixel 4 XL ќе ја има апликацијата Recorder, а дали ќе може да снима екстерен и интерен звук, се уште не е познато.

Прикажана е и апликацијата на камерата, која има нов кориснички интерфејс, подобрен Night Sight мод, како и примеорци на фотографии направени со помош на Pixel 4 XL.

На располагање ќе биде и апликацијата Pixel Themes, во која корисниците ќе пронајдат неколку теми за својот смартфон. Ambient EQ ќе го прилагодува екранот зависно од надворешните услови.

Pixel 4 XL има 6,23-инчен екран со резолуција 3.040 x 1.440 пиксели, две задни камери од Sony со 12,2 и 16 мегапиксели, 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Смартфонот би требало да биде претставен на 15. окотмври.