Кинескиот паметен телефон Huawei P20 Pro доби уште една награда и признание за квалитет.

Huawei P20 Pro ја освои наградата за најдобар паметен телефон за 2018-та година на овогодишното доделување на наградите “EHA 2018” (European Hardware Awards 2018). Ова доделување секоја година го организира „Европското здружение за хардвер“ кое што ги спојува деветте најголеми независни технолошки публикации ширум Европа со комбиниран досег од над 22 милиони читатели.

„Оваа награда е едно големо достигнување за Huawei P20 Pro и ја потврдува неговата позиција како омилен паметен телефон на корисниците. Воодушевени сме од признанието кое што воедно е показател дека се движиме во вистинска насока“, изјави Брус Ли, потпретседаелот на Handset Business одделот во Huawei Consumer Business групацијата.

„Европското здружение за хардвер“ ги оценува најдобрите електронски уреди на европскиот пазар кои што се избрани од страна на реномирани уредници ширум Европа.

Во 2018-та година повеќе од 100 уредници гласале за своите омилени уреди во дури 42 категории на електронски уреди и хардвер, вклучувајќи паметни телефони, геџети и додатоци за компјутери.