Компанијата Sony на 4. март 2000. година во Јапонија официјално ја претстави својата Playstation 2 гејминг конзола.

Конзолата во текот на својот животен век е продадена во повеќе од 155 милиони примероци, за неа излегле речиси 4.000 игри, а продадени се милијарда и пол копии на игрите.

Најпродавана игра за PS2 беше Grand Theft Auto San Andreas, која е продадена во 17 милиони примероци.

Покрај споменатиот наслов, за Playstation 2 биле објавени и други класични игри, како што се Gran Turismo 3 и 4, Kingdom Hearts, Tekken и многу други.

PlayStation 2 донесе револуција во сегментот media player, преку DVD player, со што во значајна мера се промени панорамата на пазарот.

Извор: B92.net