Xiaomi најави дека ќе претстави 5G телефон што ќе чини под 300 евра, подоцна во текот на септември. Уредот ќе биде дел од Mi 10 семејството, а ќе го покренува целосно нов чипсет од Snapdragon 700 серијата.

Моментно, Snapdragon 765/768 се единствените модели од 700 серијата што имаат 5G поддршка, но наскоро тоа ќе се промени.

Засега нема премногу детали, а повеќе би можело да бие познато во следните недели – претстојниот смартфон би можел да биде еден од најевтините што нудат поддршка за 5G конекција.

Тизерот пристигнува од глобалниот Xiaomi профил на Twitter, што значи дека телефонот ќе биде достапен на пазарите во Европа и другите региони кои имаат 5G покриеност.