Конечно добивме повеќе официјални детали за претстојниот Poco M4 Pro телефон кој треба да биде претставен во понеделник, 28 февруари на MWC 2022 саемот во Барселона. Poco M4 Pro ќе има 6,43-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 90 Hz. Ова ќе биде првиот уред од M-серијата на Poco што користи AMOLED панел.

Екранот може да постигне осветленост до 1000 нита и поддржува DCI-P3 широк опсег на бои. Poco го потврди и сертификатот L1 Widevine за репродукција на FHD содржини од стриминг платформи, како и за стерео звучници и приклучок за слушалки.

Софтверската страна е покриена со Poco launcher 2.0, но ќе треба да почекаме и да видиме за која верзија на Android ќе станува збор. Poco потврди дека утре ќе открие повеќе клучни спецификации за M4 Pro