Роботите Атлас и Спот од Boston Dynamics можат да направат многу работи – да спринтаат, да изведуваат гимнастички рутини, паркур, салто наназад, да отвораат врати и да мијат садови… Но во најновото видео на компанијата, јавноста може да го засведочи нивниот најнов импресивен трик – роботите може и да го освојат подиумот.

Во новото видео со наслов „Дали ме сакаш“, целата роботска екипа на компанијата – хуманоидниот робот Атлас, кучето робот Спот и роботот Хендл, заедно танцуваат на координирана танцувачка рутина на песна од „Д Контурс“.

Ова не е прв пат Boston Dynamics да ги покаже танцувачките вештини на роботите. Во 2018 година, кучето робот Спот, танцуваше на „Аптаун фанк“. Но во ова најново видео, роботите танцуваат координирано додека скокаат, трчаат и танцуваат на прсти како балерини.

Оваа година, Boston Dynamics беше откупена од Hyundai. Оригинално, компанијата беше создадена во 1992 година како дел од Институтот за технологија во Масачусец, а на јавноста и стана позната токму преку првиот комерцијален робот – кучето Спот.

Во продолжение погледнете го извонредниот роботски танц.