Досега имавме прилика да видиме премиум Poco телефон, како и неколку модели од средниот сегмент, а следниот чекор е објава на достапен смартфон во рамките на овој бренд.

Уредот под името Poco C3 доби Bluetooth сертификат, заедно со неколку Redmi телефони. Poco C3 ја носи ознката M2006C3MI, што значи дека е во подготовка од јуни.

Со оглед на тоа дека бројот на модел е сличен со другите Redmi9 уреди, новиот телефон веројатно ќе има познати спецификации, но ќе пристигне под другo име – слично како што Poco направи со претходните три телефони кои ги објави оваа година.

Останува да се види дали Poco C3 ќе биде ребрендиран Redmi 9, Redmi 9A или Redmi 9C. Во секој случај, се очекува 6.53-инчен LCD екран со засек, MediaTek чипсет и 5000mAh батерија.