Samsung официјално ја претстави Galaxy S22 серијата смартфони од висока класа на 9 февруари во форма на Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra моделите. Најголемата разлика помеѓу споменатите телефони е во големината на екранот. Ќе бидат опремени и со процесори во две верзии: Snapdragon 8 Gen1 и Exynos 2200 во зависност од пазарот за кој се наменети.
Samsung веќе ја почна процедурата за примање преднарачки во претпродажба. Рекордите беа срушени за кратко време, па така Индија нарача 70.000 парчиња за помалку од 12 часа, што е многу охрабрувачки показател, вели директорот на претставништвото на Samsung во Индија.
Samsung Galaxy S22 се чини дека ја погоди во центар желбата на корисниците на мобилни телефони и судејќи според првите показатели, се заканува да ги урне сите рекорди и да стане најпродаваниот Galaxy S модел во историјата на оваа компанија. На тој начин е забележана продажба од дури 300.000 примероци и тоа само во еден ден на јужнокорејскиот пазар, а по осум дена бројот на нарачки се искачи на 1,02 милиони, соборувајќи го досегашниот рекорд на Galaxy S8. Слична е ситуацијата и на развиените, западни пазари, кои најчесто реагираат малку подоцна, чијшто продажен потенцијал е повеќекратно поголем.