Во текот на CES 2021 саемот, компанијата HP претстави нов лаптоп за широка потрошувачка, наречен HP Envy 14. Се работи за мејнстрим лаптоп, наменет за креаторите на содржини, а го красат исклучителни перформанси и дисплеј во донекаде компактен дизајн.

HP Envy 14 има 14-инчен 16:10 (1920 x 1200p) дисплеј, што го прави 11 проценти подолг од 16:9 екранот. HP исто така ветува и Delta E.

Лаптопот го покренуваа Intel Tiger Lake процесори од 11. генерација, а тука е и Nvidia Geforce GTX 1650 Ti графичката карта со 4GB GDDR6 меморија. Достапни е Thunderbolt 4 конекција и до 16 GB DDR4-3200 SDRAM. HP ја истакнува и веб-камерата со физички затворач, AI Noise Removal и друго.

HP Envy 14 лаптопот ќе се најде во продажба од јануари, со почетна цена од 999 долари.