Новите извештаи на јужнокорејскиот медиум The Elec ни даваат повеќе информации за три претстатојни iPad модели. Два уреда се очекуваат во некој момент во текот на 2023. година, додека еден се очекува во 2022. година. Сите таблет уреди ќе имаат OLED дисплеи.

Извештајот споменува и некои конкретни спецификации. iPad моделот за 2022 година ќе има 10,86 инчен екран, што одговара на големината на сегашниот модел на iPad Air. Тоа значи дека извештајот се однесува на следната генерација на iPad Air. Apple ќе користи Thin-Film Encapsulation (TFE) за заштита на OLED панелот.

Кога станува збор за 2023 iPad моделите, тие ќе имаат 120Hz LTPO панели во големини од 12,9 инчи и 11 инчи. LTPO технологијата треба да ја намали потрошувачката при повисоки стапки на освежување.