Xiaomi најави дека на 26. август во Индија ќе ја претстави новата генерација на паметни телевизори, во текот на Mi Smarter Living 2022 настанот. Компанијата ќе го објави Mi TV 5X, со бројни поодбрувања во однос на претходната генерација.

Една од клучните карактеристики и измени кои ги имплементира Mi TV 5X е металната рамка која е исклучително тенка. Mi TV 4X серијата, исто така, имаше тенки рамки, но тие биле креирани од пластика.

Xiaomi најави уште некои карактеристики на овој монитор, а меѓу нив е и Dolby сертификуваниот сараунд звук, подобрениот приказ на сликата кој е прилагоден и нуди одзив на опкружувањето (што сугерира амбиентален прилагодлиув квалитет на сликата).

Тука е и новата генерација на PatchWall, кој е прилагоден софтвер за Mi TV уредите. Се очекува и Google Assistant за препознавање на гласот, а Xiaomi навестува дека телевизорот ќе го покренува и нов чипсет.