Sony во подготовка би можел да има нов контролер за PlayStation, а ова го сугерира патентот за прототип на дизајнот за контролер на јапонската компанија. Патентот е обезбеден на 26. декември, а документацијата е откриена во рамките на World Intellectual Property Organization (WIPO) базата.

Заснован на илустрациите од сајтот, новиот дизајн доста потсетува на актуелните DualShock 4 контролери, со исклучок на тоа што нема PS копче и на задниот дел се наоѓаат две дополнителни копчиња.

Слично на копчињата на DualShock 4 додатокот, кој Sony ќе го објави на 23. јануари, копчињата на новиот дизајн делуваат како да можат да се програмираат. Можно е да им се доделат функции од други копчиња, за контролите во игрите да бидат поинтуитивни и полесни за користење.