Компанијата GoPro традиционално претставува нови производи во септември, но новата акциска камера е исклучок.

Во краткото видео објавено на официјалната интернет страница и на профилот на Twitter и Instagram, Go Pro соопшти дека акциската камера GoPro Hero 8 Black ќе биде претставена на 1. октомври. Покрај неа, светлото на денот наводно ќе го здогледа и 360 камерата GoPro Max, уред кој е наследник на камерата GoPro Fusion стара две години.

GoPro не ги откри спецификациите, а првите гласини говореа дека Hero8 Black ќе може да снима видео во 4K резолуција при 120 fps и 1080p при 480 fps. Ако тоа се испостави точно, ќе биде можно да се снимаат неверојатни slow-motion клипови. Поодцна медиумите пишуваа дека Hero 8 Black ќе може да снима 4K видео до 60 fps, а ако резолуцијата се спушти на 1080p, во тој случај ќе биде можно да се снима видео при 240 fps.

Протекоа и фотографии од додатоците, меѓу кои се LED светла, екстерен екран и микрофон.