Microsoft подготвува нова генерација на својот флегшип модел Surface 5. До целосните спецификации дојде сајтот MyLaptopGuide, а компанијата ќе ги користи моментно најсилните достапни мобилни процесори.

Точниот модел на избраниот погонски склоп зависи од дијагоналата на екранот, така што верзијата од 15 инчи (2496 x 1664 px) со сооднос 3:2 и стапка на освежување од 120 Hz опционално ќе доаѓа со AMD Ryzen 7 6980U или Intel Core i7-1280P, додека 13,5-инчната верзија (2256 x 1504 px) со ист однос на страни како и поголемиот модел доаѓа со Intel Core i5-1240P, Core i7-1280P и AMD Ryzen 5 6680U. Ryzen ќе нуди автономија до 21 час, додека кај Intel тој број е нешто помал и изнесува 19 часа.

Што се однесува до RAM меморијата, двете варијанти доаѓаат со до 32 GB LPDDR4x. Графичкото јадро кај Intel е новиот Iris Xe iGPU, додека гордоста на AMD ќе ја брани графичкиот процесор RDNA 2 Radeon. Просторот за складирање започнува од 256 GB и достигнува се до 1 TB меморија.

Вклучени се Wi-Fi 6, Bluetooth 5.1, а конекциите вклучуваат USB 4, Thunderbolt 4, USB-A порт, како и приклучок за микрофон и слушалки од 3,5 мм.

Цената и достапноста во моментов не се достапни, но се знае дека доаѓа со оперативен систем Windows 11 и 30-дневен бесплатен пробен период за Microsoft 365. Корисниците ќе можат да избираат повеќе бои, а меѓу нив се и Ice blue, Matte Black и Sandstone.