Facebook од вторник ќе ја пружа услугата наменета за новински содржини, Facebook News, која би требало да гарантира подобра медиумска видливост и одговор на обвинувањата за дезинформации кои се изнесуваат против социјалната мрежа.

Услугата првично ќе биде ограничена на мал број француски корисници на Facebook, а до мај треба да се прошири на сите корисници во Франција.

На тој начин, Франција станува петтата земја што ќе го отвори Facebook News, по Соединетите Држави кон крајот на 2019 година, Обединетото Кралство во јануари 2021 година, Германија во мај и Австралија во август.

„Покрај класичните вести на Facebook, Facebook News е место каде што ќе се пренесуваат само информации од проверени извори, бидејќи тие ќе бидат произведени од вистински медиуми“, изјави за AFP Џеспер Дауб, директор за партнерства со вести за Европа во Мета.

Лансирањето на Facebook News во Франција е можно благодарение на потпишувањето на начелен договор со Здружението за медиуми за општи информации (APIG), за што Facebook објави во октомври.

Според договорот, издавачите на француските дневни весници ќе добиваат надоместок за користење на нивната содржина две години.

Благодарение на договорот, многу национални и регионални дневни весници ќе бидат вклучени во вестите на Facebook, вклучувајќи ги Le Parisien / Aujourd’hui en France, Le Figaro, Le Journal du Dimanche, Les Echos и други.